Од ХС "Лисиче" вода ќе има и за над илјада хектари плодни ниви

Bez autora
May 16 2011

Земјоделците од населените места по течението на река Тополка со изградбата на акумулацијата на хидросистемот Лисиче", трајно го решија проблемот со наводнување на земјоделските површини. Сега, како никогаш досега, коритото на реката Тополка е полно. Благодарение на одговорните од ХС" Лисиче", кои го прифатија барањето на земјоделците да пуштат поголеми количества вода од браната во реката, го врати животот во селата од овој крај. Земјоделските култури повеќе нема да бидат жедни. Овие денови на нивите е живо. На големо се сее оризот, се праши кромидот, се прихранува пченицата. Се подготвуваат површините за расадување на тутунот, доматите, пиперките и другите градинарски култури. Вода има доволно, а со неа дојде и животот.

Од ХС "Лисиче" вода ќе има и за над илјада хектари плодни нивиЗемјоделците од населените места по течението на река Тополка со изградбата на акумулацијата на хидросистемот Лисиче", трајно го решија проблемот со наводнување на земјоделските површини.

Сега, како никогаш досега, коритото на реката Тополка е полно. Благодарение на одговорните од ХС" Лисиче", кои го прифатија барањето на земјоделците да пуштат поголеми количества вода од браната во реката, го врати животот во селата од овој крај. Земјоделските култури повеќе нема да бидат жедни. Овие денови на нивите е живо. На големо се сее оризот, се праши кромидот, се прихранува пченицата. Се подготвуваат површините за расадување на тутунот, доматите, пиперките и другите градинарски култури. Вода има доволно, а со неа дојде и животот.

"Земјоделците од нас побараа, покрај биолошкиот минимум, што сме обврзани со закон да го обезбедиме, во коритото на реката Тополка да испуштаме поголеми количества вода. Нивното барање го прифативме", вели Ацо Петров, директор на ХС "Лисиче".

Ваквиот чекор на хидросистемот Лисиче" го поздравија над 500 земјоделци од велешките села Лисиче, Голозинци, Еловец, Чашка, Отиштино и Оризари. Поголем број од нив веќе потпишаа договори со кои хидросистемот им гарантира дека нивните ниви никогаш нема да останат без вода.

Родни се нашите ниви. Штом ќе дојде водата, и камен да посадам, ќе роди. Покрај петте декари под кромид, еден хектар под ориз, кој веќе го посеав, со жената и децата ќе посадиме и хектар тутун и седум-осум декари под домати, пиперки, зелка и други градинарски култури", вели Митко Игнов од селото Еловец.

Покрај земјоделците од овој крај, немал број некогашни работници од сега затворените "Порцеланка", "Свилара", Топилницата, Агрокомбинатот и другите фабрики во Велес, за да обезбедат егзистенција сега откога е вратена водата повторно се на татковата родна грутка.

Од социјала не се живее. Децата си го бараат своето. Се вратив на село. Ќе засадам пет декари под тутун и неколку декари под градинарски култури. Ќе си обезбедам егзистенција и нема секој месец да чекам социјала", вели Ристе Николовски од Чашка.

Одговорните од хиросистемот "Лисиче" го прифатија и барањето на стотина земјоделци и фирми, вода за своите ниви, оранжерии, овоштарници и друго да добијат и од дваесет километри долгиот цевководот што ја носи водата за пиење од браната до филтер-станицата.

Годишно во акумулацијата се собираат над 54 милиони кубни метри вода, а потребите на Велес и приградските населби Оризари, Превалец и Речани за вода за пиење се околу 4 милиони кубни метри. Се договоривме, под наша контрола, земјоделците да можат да користат вода за наводнување на нивите, што се подалеку од реката Тополка, а се во близина на цевководот. Интересот е голем како за полевање на површините така и за обезбедувањето со вода на оранжериите во Чашка", вели Ацо Петров, директор на ХС "Лисиче".

Од Хидросистемот информираа дека покрај овие зафати максимално се ангажирани на изготвување на потребната документација за изградба на неколку електрични централи, пречистителни станици, цевковод за полнење на езерото Младост" со чиста планинска вода и изградба на систем за наводнување на над 4.000 хектари плодно земјиште во општините Чашка и Велес.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik